(Фото) Редица пред „Луј Витон“: Париз е седиште на високата мода


Франција– Протести на „Жолтите елеци“ заради незадоволството од политиката на Макрон, од една страна, рекордна посетеност на музејот „Лувр“ со 10 милиони туристи, од друга страна, и редици пред најкопираниот бренд на светот „Луј Витон“ од трета страна.

Во таква атмосфера градот на светлината и кажа оревоар на 2018 и бонжур на 2019 година.

Париз, синоним на модните брендови, на луксузот и естетиката на живеењето е втор најскап град на светот, по Сингапур.

Туризмот во француската престолнина се опоравува од 2017-та година после акутниот пад како резултат на терористичките напади во 2015-та година.

Иако протестите на движењето „жолти елеци“ во Париз и ширум Франција влијаеле на економската активност во еврозоната, сепак не влијаеја на куповната моќ на зависниците од мода, главно од азискиот свет и од Русија.