(Фото) Пет дена журка на самба: Започна Карневалот во Рио


Бразил- Градоначалникот на Рио де Жанеиро и официјално прогласи почеток на карневалот во градот и покрај критиките дека неговите верски убедувања би можеле да ја расипат атмосферата на една од најголемите журки на светот.

Се очекува на карневалот да учествуваат шест милиони луѓе, од кои милион и половина туристи.

На карневалот се натпреваруваат 13 училишта по самба и повеќе од 3.000 танчери и музичари. Нив ќе ги оценуваат 54 судии, како и гледачите.

За безбедноста се задолжени 17.000 полицајци. Се очекува приходот од карневалот да

изнесува милијарда долари.