(Фото) Од „Плејбој“ на Олимпијада


Лиза Зимерман (21), светски првак во скијање со слободен стил позираше за „Плејбој“ во пресрет на Зимските олимписки игри што почнуваат утре во Пјонгчанг. Атрактивната Германка и пред четири години со Сочи ја претставуваше својата земја, но тогаш го освои 14 место. Има светско злато од 2015 година во Крајхберг и лани од Аспен. Има четири победи во Светскиот куп, а уште седум пати заврши на победничкиот пиедестал.