(ФОТО) Не е паметно да се скарате со берберот додека ве потстрижува, резултатот може да биде ваков


Клиентот не е секогаш во право. Непишаното правило вели дека, доколку имате забелешки кон берберот, соопштете му ги на најучтив можен начин, и почитувајте ги правилата на домаќините…

Посебно ако не сакате да добиете фризура пооригинална од онаа на фронтменот на хеви-метал бендот „Продиџи“, во неговите најдобри години.

Токму тоа му се случило на неименувано 22-годишно момче од Медисон, САД, и тоа токму пред Божик.

Берберот Калид Шабани му забележал на момчето дека премногу мрда со главата, а сето тоа завршило со интервенција на полицијата.

Откако клиентот одбил да ги почитува правилата и молбите на Шабани, тој го потстрижал „по негово“, па поради тоа се најде во притвор.