(Фото) Највлијателен црвен килим: „Тајм“ ги собра ѕвездите


САД– Магазинот „Тајм“ ја објави листата на највлијателните луѓе за 2018 година, а меѓу 100 – те се најде и музичката дива Џенифер Лопез која го привлече сето внимание синоќа со нејзиното појавување на гала вечерта во центарот „Линколн“ во Њујорк каде и свечено им беа доделени признанијата.

Гала вечерта беше вистински собир на некои од најголемите ѕвезди од различни области кои сосема заслужено, дома си заминаа со признанијата за највлијателни за годинава што трае.

Меѓу највлијателните оваа година се најдоа и комичарката Тифани Хадиш, Карди Би, Никол Кидман, Хју Џекман, Гал Гадот, Шон Мендес, Џими Кимел, Гиљермо дел Торо, Доналд Трамп, принцот Хари, Меган Маркл (и тоа во категоријата лидери), Ким Јонг Ун, Емануел Макрон, Џенифер Лопез, Ријана, Роџер Федерер, Опра Винфри и други.