(ФОТО) Марш за европска Македонија во Скопје


Во Скопје попладнево се одржува Марш за европска Македонија, кој го организира Коалицијата Заедно за европска Македонија, а кој треба да финишира со голем собир на кој ќе се обратат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Почетокот на маршот е од пред зградата на Црвениот крст во Скопје, а треба да заврши пред зградата на Делегацијата на ЕУ.

Пред седиштето на Делегацијата на ЕУ каде во 14 часот е предвиден голем граѓански собир на кој ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, актерката и синдикален претставник Сања Арсовска и новинарот Томислав Кежаровски.

 

фото: Б.Грданоски