(Фото) Македонија во група со Грција,Турција и Исланд во квалификациите за ЕП 2020


Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство 2020.
„Црвено-жолтите“ се најдоа во групата 3 каде ќе играат со Исланд, Турција и Грција.
Квалификациите почнуваат во октомври 2018 година. Првото и второто место во групата носат пласман на Европското.
Европското првенство ќе се игра во три земји, Норвешка, Шведска и Австрија. На него ќе учествуваат 24 земји, а директен пласман обезбедија европскиот првак Шпанија и земјите домаќини, Шведска, Норвешка и Австрија.