(ФОТО) Клаудија Кардинале пристигна во Битола на отворањето на ИФФК „Браќа Манаки“


Пред вечерашното свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола пристигна ѕвездата на годинашното издание, легендарната Клаудија Кардинале.
Таа во Битола допатува со својата ќерка, која се вика исто како неа – Калудија. Гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор, Благоја Куновски – Доре.

Клаудија Кардинале, вечерва ќе прошета по црвениот тепих до Центарот за култура, каде што свечено ќе ѝ биде врачен наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Освен неа, во Битола, синоќа пристигна и Роџер Дикинс, лауреатот на „Златната камера 300“ за животно дело, кој во Битола дојде со сопругата Изабела.

Инаку, завршуваат последните подготовки за отворањето на фестивалот, се поставува црвениот килим, а во Битола пристигнуваат голем број филмаџии од Македонија и од странство.