(ФОТО) Идни невести одбираа венчални фустани


Седмото издание на „The Bridal Fashion Night“ се одржа вчеравечер во хотелот Мериот, а на модната писта продефилираа разновидни модели.

Настанот беше комплетно посветен на свадбениот ден, па идните невести имаа можност да погледнат нови идеи за фустани.

Специјален гостин на настанот беше поп – пејачката Фјола Морина која зачекори на модната писта во последната креација на дизајнерот Златко Јовановски од неговата најнова колекција.