(ФОТО) Заев на гости кај Харадинај: Заднички за подобрување на соседските односи


Македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева, вчера беа на гости кај неговиот косовски колега Рамуш Харадинај.

Средбата не беше најавена, но Харадинај на својот Фејсбук профил сподели фотографија и напиша дека заедно со Заев ќе работат за добрососедски односи меѓу Македонија и Косово.

„Со мојата сопруга Анита ги пречекавме пријателот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица во нашиот дом. Заедно ќе работиме за подобрување на соседските односи на двете земји“ – напиша Харадинај.