(ФОТО) Заев и Џафери на божиќен ручек кај г.г. Стефан


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.

На божиќниот ручек присуствуваат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Беше поканет, а не присуствува претседателот Ѓорге Иванов.

Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.