(Фото) Дали е случајно: Принцези во тоалети во боја на скапоцени камења


Англија– Дали е случајно или намерно, што кралското семејство на свадбата на принцезата Евгенија и Џек Брусбенк во Виндзор избра  тоалети во бојата на скапоцените камења: рубин, сафир и смарагд?

Кејт Мидлтон блесна во тоалета во рубин боја на  „Александар Меквин“ чија венчаница носеше на својата свадба, а пак Меган Маркл избра тоалета во боја на сафир на „Живанши“ во истиот бренд како и нејзината венчаница. Мајката на принцезата Евгенија, Сара Фергусон, исто така, избра тоалета во боја на смарагд на Ема Луис, а сестрата-близначка на Евгенија, Беатрис во боја на сафир на „Ралф и Русо“. Пипа Мидлтон која е пред пораѓање, избра тоалета во боја на смарагд на Емилија Викстед. Како и Зара Тиндал и принцезата Ана…