(ФОТО) ВИП-соба во Скопје кадешто ќе одмораат Лени Кравиц, Ерос Рамацоти, Здравко Чолиќ


Во СЦ „Борис Трајковски“ изминатиот период беа реновирани сите соблекувални, но најинтересен новитет е што за првпат салата добива и ВИП-соблекувална. Станува збор за просторија каде што светските и регионални музички ѕвезди ќе можат да се опуштат пред и по концертите.

Први музичари кои беа гости во ВИП-соблекувалната се „Ту Челос“, а во наредниот период таму ќе се опуштаат Здраво Чолиќ, Ерос Рамацоти, Лени Кравиц, Лепа Брена и многу други музички ѕвезди кои ќе настапат во ВИП-арената „Борис Трајковски“.

Соблекувалната е градена по светски стандарди и се состои од една поголема просторија, каде што има фрижидер, телевизор, простор за седење, тоалет и неколку туш кабини. На Балканот, единствена ВИП-соба од ваков тип има само во белградска Арена.