(ФОТО) Вечера на лидерите на Западен Балкан во Скопје


Премиерот Зоран Заев и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини вчеравечер во Скопје беа домаќини на лидерите од Западен Балкан.

– Заедно, уште еднаш ја потврдивме нашата искрена заложба за целосна имплементација на реформите во нашите земји, со цел да го забрзаме процесот на зачленување во европското семејство. 2018 е историска година за регионот, а на земјите од Западен Балкан им се отвора голема можност да направат крупни чекори кон ЕУ интеграцијата – напиша Заев на својот Фејсбук профил по завршувањето на вечерата.