(ФОТО) Априлијада во Скопје: Продефилираа пирати, пеперутки, жирафи и принцези


Голема детска журка „Априлијада 2018-Скопје се смее“ по повод 1 Април – Денот на шегата се одржа денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

За забавата со маски, балони, песнички и игри се задолжени секцијата за модерен балет и фолклорната секција на Детскиот културен центар „Карпош“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.

Манифестацијата, во организација на ДКЦ Карпош, ја финансира Град Скопје.


По детската журка на плоштадот „Македонија“ од 20 до 23:30 часот ќе има првоаприлска ноќна забава со настапи на ВИС АМАНЕТ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Александар Митевски, трио “Шербет“, Елита Зибери, група – „Live Band”,DJ Ampov,,,,,.

По повод 1 Април, Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава отвори конкурси за основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им бидат доделени награди и дипломи.

Во вечерниот дел на манифестацијата на бината ќе продефилираат со групни маски ученици од средни училишта од Скопје и околината, а за најдобрата групна маска следува вредна награда.

фото: Борис Грданоски