(Фото) Амбасадорите го чистеа кејот покрај Вардар


Холандскиот амбасадор Воутер Пломп, амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет и американскиот амбасадор Џес Бејли, денес на кејот на Вардар зад Луна Парк го чистеа расфрланиот смет од кејот и на брегот на реката Вардар.

„Сите мора да се вклучат во ова и сите може да направиме во намалувањето на отпадот. Властите да обезбедат повеќе контејнери, повеќе можности за селектирање на отпадот и за негово собирање, граѓаните со бизнис заедницата треба да направат сè што можат да ја намалат колишината на отпад и да не фрлаат отпад секаде“, кажа Пломп.

Британскиот амбасадор Гарет  кажа дека кејот на Вардар е многу убаво место за рекреација.

„Денес има акција за чистење на ѓубрето и се надевам дека до вечерва местото ќе биде поубаво. Треба да се однесуваме малку поинаку, луѓето да го земат ѓубрето со себе и да го однесат дома и да го фрлат во кантите за отпадоци. Сите имаме одговорност убавите места да не ги нагрдуваме, и граѓаните и локалните власти“, кажа амабасадорот Гарет.

Амбасадата на Кралството Холандија заедно со компаниите „Пивара скопје“ и „Пакомак“ трета година по ред ја организираат оваа акција.