(ФОТО): Автомобил влета во заштитната оградата на Собрание


Верижен судир на четири автомобили се случи вечерва на булеварот пред Собранието на Република Македонија. Како резултат на судирот едно од возилата влета и удри во оградата од Собранието.

Во инцидентот што се случи пред 20 часот, нема повредени и причинета е само материјална штета.

Увидот на полицијата е во тек.

(ФОТО: Република)