(Фото)Мечка со две мечиња излезе на Шар планина


Мечка со две мали мечиња се движи кон врвот Мал Турчин, забележал планинарот од Тетово Зија Јонузовски кој фотографиите ги сподели на „Фејсбук“.

Врвот Мал Турчин се наоѓа во близина на Титов Врв на надморска височина од 2.072 метри.