Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби


Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе ги испратат во модна агенција во Србија. Но, наместо тоа, девојките си ги виделе своите фотографии објавени на странска веб-страница за интимни односи со девојки.

Според информациите на МВР, против К.К. (29) од Свети Николе и Н.Ц. (31) од Охрид е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторенo продолжено кривично дело злоупотреба на лични податоци. Двајцата на 23 јули минатата година на плажа во Охрид фотографирале девојки и им ветувале дека фотографиите ќе бидат доставени до модна агенција во Република Србија, а за услугата барале и зеле по 600 денари. Во текот на оваа година пријавените фотографии и личните податоци од лицата, без нивно знаење и согласност, ги поставиле на веб-страницата anastasiadate.com, намената за остварување контакти и интимни средби со девојки.