(ФОТОГАЛЕРИЈА) Скопјани му се израдуваа на снегот


Планинари, велосипедисти, луѓе со санки, па дури и бебиња во количка поитаа на Водно да му се израдуваат на првиот поголем снег што зимава наврна во Скопје.

Чистиот воздух беше мамка да се излезе надвор, а ситниот снег што и вчера паѓаше од Средно Водно нагоре, само ја надополнуваше атмосферата.

Забраната за движење на автомобили важи од 9 до 16 часот, па иако се прекршува, најбезбедно е да се дојде со градските автобуси.

И жичницата ги дочека своите пет минути, возењето со неа до Крстот, конечно заличе како на познатите зимски скијачки центри.

За патеки за скијање ќе се почека, но за радости на снег – мораше веднаш да се излезе, оти прашање е дали скопската клима ќе донесе барем уште еден пред да стигне пролетта.

 

фото: Борис Грданоски