(ФОТО/ВИДЕО) „Соаре во градината”, книжевна вечер со музика и поезија


Книжевна вечер со музика и поезија под наслов „Соаре во градината” се одржа во градината на Резиденцијата на Франција во присуство на Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Настанот се реализираше од Здружението „Пријателство Франција- Македонија” во соработка со Амбасадата на Република Франција, како дел од настаните на Министерството за култура на Франција, под наслов „Соаре во градината“ и на музичкиот фестивал „Празник на музиката“.

Овој доброволен настан, осмислен и реализиран од страна на Претседателот на Здружението Матијас Вазкез и македонска франкофонска поетеса Наташа Сарџоска, оддаде омаж кон книжевното и поетско творештво на франкофонски македонски автори, меѓу кои академици, писатели и поети, како Катица Ќулавкова, Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска, Агнеса Чаволи и Јосип Коцев.

Целата француска и франкофонска заедница во Македонија, сите членови во здружението, како и неколку владини, дипломатски, уметнички и академски претставници во земјата беа присутни на оваа свечена пригода, во знак на добрите односи на пријателство меѓу француската и франкофонската заедница на земјата преку македонската култура.