(ФОТО/ВИДЕО) Во Швајцарија изгоре автобус полн со средношколци од Хрватска


Автобус полн со хрватски средношколци изгоре вчера во Швајцарија. Децата кои биле во посета на Швајцарија се од Сплит и за среќа успеале навреме да излезат од автобусот кој се запалил во тунел.

Кога го виделе огнот настанала паника, но сите ученици навреме успеале да излезат од автобусот и никој не е повреден, објави „Далмација данас“.

Според наводите на еден родител, на многу ученици од автобусот им изгореле документите, па и мобилните телефони, така што не успеале да јават што им се случило, а на некои им изгореле куферите со облека.

„Ми се јави синот по оваа несреќа и рече дека сите се добро. Сепак, првиот час време поминав во страв зашто не знаев никакви детали, а после еден час едвај успеав да го добијам синот“, раскажа еден од родителите.

Еден од родителите вели дека туристичката агенцијата сега бара замена на автобусот со кој ќе се вратат дома, а како ќе ја поминат границата кога им изгореа документите, не ми е познато.