(ФОТО+ВИДЕО)Русија во океаните пушта нуклеарни подморници


Русија планира во својата флота во 2019 година, да вклучи две нуклеарни подморници, потврди министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Како што се наведува, двете подморници се унапредена верзија на оригиналните модели, а освен тие две се очекува уште неколку такви нуклеарни подморници да се вклучат во руската флота до 2021 година.
Се работи за подморници опремени со нуклеарен арсенал кои носат назив „Казан“ и „Принц Владимир“ и тие ќе бидат вклучени во морската флота пред крајот на 2019 година, изјави Шојгу, а руската амбасада во САД постави видео од тие подморници на својот официјален Твитер налог.
Зборувајќи на состанокот одржан во Северодвинск, Шојгу рече дека новите подморници „ќе ја дефинираат иднината на сликата за руските подморници, како и дека ќе овозможи зголемување на рускиот одбранбен систем и ќе ја зајакне позицијата на Русија во океаните“.
како што пренесуваат руските медиуми, изработката на „казан“ почна пред 10 години. Таа подморница е нурната во морето во 2017 година, а до сега на неа се вршеа тестови. Од друга страна, изградбата на „Принц Владимир“ почна во 2012 година, а завршена е во 2017 година и таа е „лансирана“.
Двете подморници се модернизирани верзии на претходните модели, 885 и 955. “Казан” носи крстосувачки ракети „Калибр“ и „Оникс“, а „Принц Владимир“ носи  RSM-56 “Булава” нуклеарни ракети, познати како „SS-NX-30″.