Формула 1: Фетел од пол-позицијата за ГН на Германија


Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, беше најбрз на денешните квалификации за Големата награда на Германија. Фетел постави рекорд на патеката „Хокенхајм“ и извозе круг за 1:11,212 минути, а беше за две десетинки побрз од Валтери Ботас од Мерцедес и за 0,335 секунди од клупскиот колега Кими Раиконен.

Toj ќе стартува од првата позиција на утрешната трка додека главниот конкурент за титулата, Луис Хамилтон од Мерцедес ќе ја започне трката од 14. позиција.

Актуелниот шампион поради проблеми со менувачот го заврши настапот во вториот дел од квалификацискиот циклус.

Трката за Големата награда на Германија се вози утре од 15:10 часот