Формула 1: Фетел најбрз на првиот тренинг во Абу Даби


Себастијан Фетел имаше најдобар резултат на првиот тренинг за неделната трка за ГН на Абу Даби. Пилотот на Ферари забележа време од 1:39,006 минути што беше за 0,120 секунди подобро од она на шампионот Луис Хамилтон.

Трет беше Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул кој заостана 0,148 секунди, четврти беше Кими Раиконен од Ферари (0,512 секунди), а петти Валтери Ботас (+0,735 секунди).

Себастијан Фетел победи на претпоследната трка во сезоната во Мексико на која Хамилтон ја осигура четвртата шампионска титула. Вториот тренинг е закажан за попладнево, официјалните квалификации се утре од 14 часот, термин во кој ќе стартува и неделната трка за ГН на Абу Даби.