Форбс: Џеј Зи е најбогат рапер на светот


САД– Џеј Зи конечно успеа да го стигне успешниот Пи Диди, кој седум години по ред беше најбогат рапер во светот. На врвот сега е сопругот на поп-ѕвездата Бијонсе.

Според магазинот „Форбс“ , Џеј Зи со 900 милиони долари е најбогатиот рапер, додека Пи Диди има “само” 825 милиони долари. Третото место е д-р Дре со 770 милиони долари. Четвртото и петтото место го делат Дрејк и Еминем со значително пониски средства во вредност од само 100 милиони долари.

Џеј Зи успеа да се искачи на врвот благодарение на албумот „4:44“, кој го објави минатата година и турнејата што следеше по него, но и заради рекламните кампањи.