Форбс: Далас Каубојс се највредниот клуб во светот


САД – Далас Каубојс од американската фудбалска лига НФЛ е највредниот спортски клуб во светот со 4,8 милијарди долари, вели истражувањето на магазинот „Форбс“.

По „каубоите“, чија вредност се зголеми за 14 отсто во споредба со минатата година, следуваат фудбалските гиганти Манчестер Јунајтед (4,1 милијарди), Реал Мадрид (4,08) и Барселона 4.06).

Место во Топ 10 имаат и Њујорк Јенкис (4 милијарди – МБЛ), Њу Ингланд Петриотс (3,7 млрд. – НФЛ), Њујорк Никс (3,6 млрд. – НБА) и Лос Анџелес Лејкерс (3,3 млрд. – НБА), Њујорк Џајантс (3.3 млрд. – НФЛ) и шампионите во НБА – Голден Стејт Вориорс (3.1).

Од „Форбс“ анализирале НФЛ, НХЛ, НБА, МЛБ, Ф1, Наскар и фудбалски тимови, односно нивниот капитал, стадиони и други вредности.