Фонтаните спроти „Скопјанка“ не работат


Фонтаните спроти трговскиот центар „Скопјанка“ нема да работат летово затоа што нема кој да ги одржува. Фонтаните, кои го означуваат влезот во општината Аеродром, воопшто не проработеа летово, а општинарите најавуваат дека во функција ќе бидат од пролет.

„Тендерот за избор на фирма која ќе ги одржува беше поништен, а во моментов во тек е нов. Од тие причини не можевме да склучиме договор со нова фирма која би ја пуштила водата и би ги конзервирала во зима. Тендерот е повторен и фирмата што ќе ја избереме ќе почне да работи од пролет“, информираат од Аеродром.

Останатите фонтани, посочуваат од Општината, ги одржува друга компанија и тие функционираат како и минатата година.

Фото: Б. Грданоски