Фирма фантом од Бахами „шурувала“ со Фени


Фирма фантом од Бахами „шурувала“ со „Фени Индустри“. Компанијата „победила“ на оглас за преработка на никелова руда, иако дури не се знае кој го склучил договорот во нејзино име. Во тоа голема помош имале од стечајниот управник и од стечајниот судија, соопшти денеска „Транспаренси Интернешнл“, која ги обвини за коруптивно однесување и против нив поднесе кривична пријава. „Транспаренси“ објави и дека добила претставка од фирмата „Кунико Ресурси“, во која се тврди и дека заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев има вмешано прсти во нечесниот бизнис околу компанијата. Копија од писмото е испратено до централите на „Транспренси“ во Берлин и во Брисел, како и кај премиерот Зоран Заев, а се очекува одговор од Анѓушев.