Фински РоПС Рованиеми го промовора Дамјан Шишковски


Дамјан Шишковски во наредните шест месеци ќе брани за фински РоПС со можност за продолжување на соработката и во периодот потоа. Екипата од Рованиеми, главен град на најсеверниот регион во земјата, вчера го промовира репрезентативниот голман на Македонија. Тој притоа изрази задоволство од трансферот и надеж за што поскоро адаптирање во средината и давање свој придонес за остварување на клупските цели.

Финска не е непозната сцена за Шишковски со оглед дека претходно играше и за Лахти. Изданијата што ги имаше го наметнаа како опција и кајселекторот Игор Ангеловски за мечевите во Лигата на нации.

Новата сезона во финскиот шампионат почнува на 3 март. РоПС Рованиеми во 2018 година заврши на второто место на табелата и обезбеди учество во квалификациите за Лига Европа.