Финансиска помош од Витаминка за Марко Пејчиновски


Финансиска помош за подобри резултати на 12-годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро пристигна од Витаминка АД Прилеп. Оваа донација следи по информациите за храбриот потег на Марко, кој и покрај инфаркт на долните екстремитети успеа во својот подвиг.
„Секогаш се обидуваме да помогнеме онаму каде е потребна помош. Во случајов потребна е финансиска помош за Марко да има голема иднина пред себе. Важно е што повеќе компании да се приклучат на оваа иницијатива за да има поголем ефект и да се креира вистинска поддршка на младиот пливач”, изјавија од Витаминка.