Филолошки факултет: Поети-членови на ДПМ ќе одбележат 96 години од раѓањето на Блаже Конески


Поети од различни генерации, членови на Друштвото на писателите на Македонија, ќе настапат на свеченост по повод 96-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, поет, раскажувач, есеист, лингвист и книжевен историчар, која денеска напладне ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

– На познатата „Средба на генерации“, на која како поет учествуваше и Блаже Конески, наФилолошкиот факултет што го носи неговото име, ќе настапат поетите: Ристо Лазаров, Иван Џепароски, Владимир Мартиновски, Делвина Керлуку, Раде Силјан, Милован Стефановски,  Зоран Анчевски, Веле Смилевски, Иван Антоновски, Јусуф Едип, Катица Ќулавкова, Илија Велев, Ресул Шабани, Санде Стојчевски, Ефтим Клетников, Кристина Николовска, Бранко Цветкоски, Александра Велинова, Димитар Пандев и Олга Панкина, соопшти ДПМ.

Блаже Конески (1921-1993) беше еден од иницијаторите за формирање на ДПМ и првпретседател на македоснаката писателска асоцијација. Во чест на неговото дело Друштвото на писателите на Македонија секоја година од 19-ти до 21 декември ја одржува манифестацијата „Денови на Блаже Конески“.