Филм со Пенелопе Круз и Хавиер Бардем го отвара Канскиот филмски фестивал


Франција– Годинешниот Филмски фестивал во Кан го отвара филмот на иранскиот режисер Ашгхар Фархади “Everybody Knows” кој за главните улоги ја избра брачната двојка Пенелопе Круз и Хавиер Бардерм.

Филмот е прв од 2004 година кој го отвара престижниот фестивал со филм кој не е снимен ниту на англиски ниту на француски јазик, туку на шпански јазик. Психолошкиот трилер го следи патувањето на Лаура (Пенелопе Круз)  која со семејството патува на свадба од  Буенос Аирес  во своето родно место во Шпанија. На почетокот, идеалното семејно собирање ќе го пореметат разни случки кои засекогаш ќе им ги смени животите.

  1. Филмски фестивал во Кан ќе трае од 8 до 19 мај. Годинава, со жирито ќе претседава двократната оскаровка Кејт Бланшет.