Филмското студио на продуцентот Харви Вајнстин пред банкрот


САД– Одборот на директори на компанијата „Вајнстин“ соопшти дека њујоршкото филмско и телевизиско студио планира да започне процес на банкрот, бидејќи разговорите за продажба на компанијата завршија без успех.

Компанијата се обиде да постигне договор за продажба, со цел да избегне банкрот, откако повеќе од 70 жени го обвинија продуцентот и поранешниот претседател на компанијата Харви Вајнстин дека сексуално ги вознемирувал.

Државата Њујорк ја тужеше кон средината на овој месец компанијата „Вајнстин“ поради сомнеж дека нејзиното студио не ги заштитило вработените од продуцентот.

Њујоршкиот обвинител Ерик Шајдермен истакна дека поднел тужба против компанијата, како и против Харви и Роберт Вајнстин.

Вајнстин, соосновач на студиото „Мирамакс“, беше еден од највлијателните холивудски продуценти пред повеќе од 70 жени да го обвинат за сексуално вознимурање и силување.