Филипче: По три години, успешна трансплантација на бубрези од починат донор


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека по три години пауза на Клиниката за урологија е извршена трансплантација на бубрези од починат донор. Изрази голема благодарност до семејството на починатото лице, кое одлучило да ги донира органите и посочи дека бубрезите се донирани на двајца млади пациенти.

 – Работиме да го подобриме процесот на трансплантација. Ги интензивираме разговорите со Евротрансплант. Се надеваме дека ќе влеземе во листата на земји кои ќе можат да донинираат органи, како и дека преку тоа ќе можеме да користиме за нашите пациенти. Планираме и сериозна инвестиција во делот на Клиниката за анестезија, а посебно во Центарот за трансплантација, наведе  министерот Филипче.
Посочи дека ги воведуваат и сите лекови кои се потребни за подобрување на процесот на трансплатација.
 – Целта е не само да ги направиме овие огргани, на за жал починатите, достапни за нашите пациенти, туку да може ги направиме достапни тогаш кога нема да може да најдеме наши компатибилни пациенти и за пациенти во Европа преку Евротрансплант. Поради тоа ја отвораме вратата преку веќе направените договори со Хрватска за органи од починатите пациенти да станат достапни за нашите, изјави министерот за здравство.
 Националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова информираше дека на листата на чекање за трансплантација на бибрези се уште околу 70 пациенти.