Филипче избра шеф на Кабинетот, правничка и пи-ар


Министерот за здравство, Венко Филипче, го комплетирал својот кабинет. Шеф на кабинетот ќе биде Дејан Блажески, кој дипломирал на  Економскиот факултет во Скопје и е магистер за јавни здравствени системи. Тој претходно бил портпарол на централниот штаб на Либерално демократската партија во Охрид.

Во кабинетот на новиот министер е и Билјана Танеска, која ќе биде негов советник, и ќе биде задолжена за медиумите, заедно со пи-ар службата која веќе постои во министерството. Во кабинетот на Филипче ќе биде и правникот Ангелина Бачановиќ, која повеќе години работи во ова Министерството за здравство.

Блажески и Танеска се дојдени во Министерството откако Филипче стана министер.

Информацијата ја пренесоа медиумите. Министерството за здравство досега не испрати официјално соопштение за новите функции во кабинетот на министерот.