Филипче бара тројца советници за плата до 55 илјади денари


Министерството за здравство бара тројца посебни советници кои ќе бидат вработени во кабинетот на министерот Венко Филипче. Според објавениот оглас, платата за секој од нив е од 35.000 денари до 55.000 денари.

Советниците ќе бидат ангажирани за прашања поврзани со имплементација и креирање на здравствени политики и меѓународни проекти.

Според барањата во огласот, кандидатите треба да се со правни науки, економски науки или политички науки, да имаат најмалку пет години работно искуство во струката. Ќе бидат вработени на определено време, за период до истекот на мандатот на министерот.