Фејзи Азири од болница е повторно вратен во затворот во Штип
Еден од обвинетите во случајот Монструм, Фејзи Азири е вратен во затворот во Штип. Со полициско обезбедување тој бил спроведен околу 13.30 часот, потврдија од затворската управа за тв24. Денеска Кривичниот совет одлучи обвинетиот Азири да биде вратен во затвор, каде треба да издржува затворска казна за недозволено поседување на оружје.
Како што соопштија од Судот, Кривичниот совет ја одбил жалбата на Фејзи Азири откако се жалеше кај судијата за извршување санкции кој не прифати да му го продолжи прекинот на издржување на казна затвор.
Стартот на судењето за случајот „Монструм“ , се одложи поради отсуство на Азири кој се наоѓа на Клиниката за пулмологија.
Откако медиумите обелоденија дека Азири го прекинал издржувањето на затворската казна и не се вратил во штипскиот затвор иако тоа не му било дозволено, полицијата стражарно го обезбедуваше во болница.
Тој се товари за тероризам на петмината рибари кај Смилковското езеро на Велики четврток 2012-та година.