Нема лутење: Федерер ја победи Серена


Австралија– Роџер Федерер (37) и Серена Вилијамс (37) , најголемите тениски ѕвезди на сите времиња ја започнаа новата година во стил. Го направија тоа што досега никогаш не го направиле. Играа еден против друг, на купот Хопман, неофицијалното Светското првенство во тенис за мешани тимови во Перт.

Федерер со партнерката Белинда Бенчич за тимот на Швајцарија, ги победија Серена Вилијамс и Франсоа Тиафо од американскиот тим со 4-2, 4-3 (5-3).

Претходно, на истиот турнир, Федерер, носител на 20 Гренд-слем титули, го победи Тиафо за само 57 минути на првиот натпревар меѓу Швајцарија и САД од групата „Б“ .