Федерер успешно стартуваше на Мастерсот во Лондон


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер успешно го почна Мастерс во Лондон. Тој во првата рунда од групата „Борис Бекер“ го победи Американецот Џек Сока со 2-0, по сетови 6:4, 7:6 (7:4).

Во вториот круг од групата, од 21 часот се среќаваат Александар Зверев (Германија) и Марин Чилиќ (Хрватска).

Финалниот турнир од сезоната се игра за награден фонд од осум милиони долари.