Фамозната Хајди Клум официјално стапува во трет брак


Славната манекенка и водителка, Хајди Клум, го одредија заедно со нејзиното 16 години помладо момче и вереник Том Каулиц и датумот за нивната венчавка.

„Да , мислам дека го одредивме точниот ден кога ќе застанеме пред олтар, а нешто повеќе за тоа ќе кажеме подоцна” , изјави Хајди за Entertainment Tonight.
„Двајцата сме Германци , па сме многу организирани. Сè ќе биде навреме подготвено како што се договоривме”, вели 45-годишната манекенка, која со поранешниот член на групата Токио Хотел е верена од декември 2018.
Клум зад себе има два брака – со музичарот Сил и со Рик Пипин.