Фабрегас: Ќе го натерам Меси да се чувствува непријатно


Играчот од средниот ред на Челзи, Цеск Фабрегас не е загрижен што треба да се соочи со своите поранешни соиграчи од Барселона и изјави дека тоа го мотивира уште повеќе.

„Сините“ гостуваат на каталонците во реванш-дуел од 1/8-финалето на Лигата на Шампионите во среда од 20:45 часот по македонско време, откако во првиот натпревар двата тима одиграа 1:1.

– Да го запрам Лионел Меси ќе биде исклучително тешко, но ќе дадам се од себе да го натерам да се чувствува непријатно и да не успее да се претстави совршено во натпреварот. Го гледам како ривал, кој е во потрага по победа, но и јас исто така. Не ми пречи да играм против мојот поранешен клуб и моите поранешни соиграчи. Дури и ме мотивира. Го направив тоа со Арсенал и сега со Челзи. Се чувствував доста добро и во двата наврати, рече Фабрегас.