УЈП опомена 50.000 фирми за неплатена радиодифузна такса


Управата за јавни приходи опоменала 48.603 фирми или самостојни вршители на дејност за неплатена реадиодифузна такса.Тие заедно должат речиси 187 милиони денари или над три милиони евра. Фирмите кои нема да ја платат сумата што ја должат за радиодифузна такса ќе бидат блокирани.

Не се знае колкав е бројот на граѓани кои имаа долг кон УЈП за радиодифузна такса. Бројката ќе се знае по подгортовката на опомените и за нив.

Радиодифузна такса не се плаќа од октомври лани, откако Владата го измени Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.