Уште три дена за потписи: Кон Водно ќе трчаат само тројца


Трката за претседател на државата најверојатно ќе остане на три кандидати, бидејќи мали се шансите на Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река да им се придружи уште некој од заинтересираните за наследник на Ѓорѓе Иванов што собираат потписи. На три дена до крајот на рокот, за Филип Петровски се потпишале 1.288 граѓани, за Димче Петровски – 489, за Господин Попоски – 17 и за Јосиф Мирчевски – осуммина. За да влезат во трката за Водно, потребни се минимум 10.000 потписи.

Пендаровски доби поддршка од шеесетина пратеници во Собранието, но најави дека ќе собира потписи. Силјановска и Река го завршија тој дел од задачата во само еден ден.