Уште пет пунктови за доставување на годишните даночни пријави


Управата за јавни приходи отвори дополнителни пет пунктови за доставување на годишните даночни пријави.

Шалтер е отворен на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ), во општина Ѓорче Петров пријавите можат да се доставуваат во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица), шалтер има и во општина Бутел во општинската зграда, како и во општина Гази Баба во бараката за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и во зградата на општина Аеродром, на втори кат.

И понатаму, на услуга на граѓаните се веќе познатите пунктови лоцирани во сутеренот во Регионалната дирекција Скопје (ул. 11 Октомври број 27 / спроти Даре Џамбаз).

На овој начин граѓаните од Скопје но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат пополнетата Годишната даночната пријава за утврдување на персонален данок на доход ( http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21) да ја поднесат на повеќе локации, вклучувајќи го и Даночниот шалтер Чаир, како и во Мобилните даночни шалтери на УЈП ( http://kontaktcentar.ujp.gov.mk).