Ученик од Карпош добил шуга, преземени мерки за заштита од зараза


Ученик во основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош бил заразен со шуга. Од Центарот за јавно здравје направиле прегледи во одделенијата при што е констатирано дека кај други ученици нема шуга.

Општина Карпош информира дека се преземени мерки на дезинфекција и дезинсекција за целосна заштита на учениците за да се спречи ширење на заразата во просториите на училиштето.

– Известени се и матичните лекари од подрачјето на населбата Козле, кои преземаа мерки за интервентни прегледи на останатите ученици. Во овие моменти состојбата е стабилна и нема нови случаи на појава на шуга кај други ученици, наведува Општината во соопштението.