Утре средба Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио, Грција


Утре во  местото Сунио во близина на Атина Димитров, Коѕијас и Нимиц ќе ги продолжат преговорите за името од кои зависи влезот на Македонија во Европската Унија.

Останува да се види дали страните овој пат ќе успеат да ги надминат разликите околу проблематичните прашања.

Новата средбата во Атина е пред средбата на двајцата премиери, Заев и Ципрас на 17 мај во рамки на Самитот на земјите членки и земјите кандидати за членство во ЕУ што ќе се одржи во Софија.