Успешна реализација на четвртото „Вози право, вози здраво“


Со над 5.400 регистрирани учесници во прекрасно сончево време помина четвртото издание на веќе добро познатата ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво со која, бар на кратко, улиците беа ослободени од моторизирани возила и граѓаните слободно се движеа и забавуваа.

Возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не загадува туку помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата на животната средина а притоа е и многу забавно и здраво.

И оваа година, со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства. Многу наскоро ќе го дополниме со содржни нашиот СТБ Детски Велодром и ќе се подготви терен, заедно со Град Скопје за изградба на нов урбан Велодром со повеќе предизвици и содржини.

„Вози право, вози здраво“ vol. 4 во својата пролетна шема понуди многу интеракција, забава и содржини на целта во Градскиот парк за сите гости и учесници. Ревијалната трка почна во 11 часот од Порта Македонија а на целта во Градски парк, на централната и помошните бини поставени беа повеќе позиции кои на посетителите им понудија бројни забавни содржини, игри, подароци, предизвици и вредна лотарија. Банката и соработниците обезбедија и освежување за учесниците а секако, за сите учесници беа обезбедени и репрезентативни материјали. Како и досега, извлечени беа добитници од вредната лотарија: 5х Specialized Велосипеди, 5х GoPro камери, 5х FitBit алки, 5х MICRO тротинети и друга спортска опрема.

Стопанска банка АД – Скопје преку своите алтернативни канали, иновативни услуги и производи, директно влијае врз заштитата на животната средина, меѓутоа ја користи и својата распространетост и релевантност да застапува една значајна тема како што се овие алтернативи на транспорт во густо населените урбани средини кои не загадуваат а воедно и помагаат за здравиот живот на корисниците.

Во тој контекст, пред сите филијали на Банката се поставени паркинзи за велосипеди, нашите вработените се почесто ги користат велосипедите како начин за пристигнување на работа, граѓаните на Град Скопје веќе втора година активно го користат СТБ Детскиот велодром, имаат на располагање 5 модерни станици за поправка на велосипеди и поставени се 105 паркинг позиции на локации договорени со активистите кои се борат Скопје да прерасне во велосипедски град а во подготовка се и новите активности.