Уругвај убедливо ја победи Русија- Саудиска Арабија го победи Египет


Уругвај ја освои битката за првото место во групата „А“, откако ја победи Русија со 3-0, со што го нанесе првиот пораз на домаќинот на Светското првенство.

Погодокот на Луис Суарез (10), автоголот на Денис Черишев (23) и прецизниот удар на Единсон Кавани во последната минута ја донесоа третата последователна победа на „урусите“, кои се уште немаат примен гол.

Така јужноамериканскиот тим ќе чека да види што ќе направат вечерва Шпанија, Португалија и Иран, бидејќи победникот од групата „А“ треба да се сретне со вториот тим од групата „Б“ во осминафиналето, а на оваа позиција може да заврши било која од трите екипи.

Египет – Саудиска Арабија: 1-2 

Bториот натпревар од оваа група кој немаше резултатско значење заврши со победа на Саудиска Арабија од 1:2. Стрелец на првиот гол беше Мохамед Салах кој му донесе предност на Египет, но во судиското надополнување на првиот дел од пенал погоди Ал Фарај, резултат кој беше актуелен до 95-та минута од мечот кога Ал Давсари погоди за 2:1 за Саудиска Арабија.