Ураганот Вилја е сѐ посилен и се приближува кон брегот на Мексико
Новоформираниот ураган „Виља“ брзо добива во сила во близина на тихоокеанскиот брег на Мексико, а метеоролозите предупредуваат дека би можел да дојде до статус од четврта категорија пред, кон средината на следната недела, да го погоди копното помеѓу Пуерто Валарта и Масатлана .
Ураганот „Виља“ рано изутрина се наоѓаше 390 км југозападно од пристанишниот град Мансаниља, со ветрови со јачина од 140 километри на час.
Американскиот Национален центар за урагани објави дека „Виља” може да стане голем ураган до понеделник наутро, и до копното да се приближи до вторник.
Во меѓувреме, тропската бура „Висенте” ослабна, движејќи се кон југ, а метеоролозите предвидуваат дека би можела да се приближи брегот на Централниот Пацифик во вторник